Автобус се заби во надвозник кај Анкара – најмалку девет загинати и 26 повредени

Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, изјавил дека првичните информации наведуваат дека возачот на автобусот најверојатно заспал, бидејќи нема индиции дека се обидел да закочи

Најмалку девет лица загинаа, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи во блоизина на главниот град на Турција, Анкара, јавуваат тамошните медиуми.

Според турскиот национален сервис – ТРТ, несреќата се случила околу 5 часот, кога автобус кој се движел кон провинцијата Ескишехир се забил во столб од надвозник во анкарскиот кварт Полатли.

На местото веднаш биле испратени голем број противпожарни, спасувачки и медицнски тимови, а полицијата го затворила сообраќајот на делницата.

Од турското Министерство за здравство соопштиле дека девет лица ги загубиле животите во несреќата.

Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, изјавил дека првичните информации наведуваат дека возачот на автобусот најверојатно заспал, бидејќи нема индиции дека се обидел да закочи.

Total
0
Shares
Поврзани објави