Американски тим за санкции дојде во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај функционери

Американски тим пристигна во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери. Вест за пристигнувањето на Твитер ја објави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“,објави Агелер.

Амбасадорката уште во пресрет на нејзиното доаѓање јасно порача дека нејзин фокус во земјава ќе биде борбата против корупцијата, а дека корупцијата ја кочи Северна Македонија таа јасно порача и во нејзините јавни настапи во земјава.

И заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар минатата недела најави дека САД ќе продолжат со воведувањето санкции за корумпирани политичари бидејќи досегашните вродиле со плод.

Total
1
Shares
Поврзани објави