Апасиев : Ни Грујо не упаѓаше по дома на опозициски ПРАТЕНИЦИ

Ни Грујо не упаѓаше по дома на опозициски ПРАТЕНИЦИ со имунитет бе, мамичето ваше мафијашко!!!Ќе паднете денес и никад више нема власт да помирисате, багро една предавничко-мафијашка.

Упад на полиција кај опозициски пратеник, ноќта пред гласање на доверба на Влада, има само у Белорусија бе, либтарди едни “проевропски”!!!p.s. Не знаете шо ве чека!

Реакцијата на лидерот на Левица е по соопштението дека финсова полиција врши претсе во дом на опозициски пратеник. Управата за финансиска полиција од утрово прави претрес во домот на родителите на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Јован Јаулески од Струга, а тој на социјалните мрежи објави дека претресот го разбира како притисок пред денешното гласање за доверба на Владата на Зоран Заев.

Од Управата потврдуваат дека се прави претрес, но цел на претресот не е пратеникот туку неговиот татко.

„Претрес се прави, но цел не е пратеникот туку неговиот татко. Во моментот кога влеговме кај нив ние воопшто и не знаевме дека се во роднинска врска. Неговиот татко е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН и тој е дел од еден голем предмет на кој работиме“, кажа во изјавата директорот Управата Арафат Муареми.

Претресот се прави во Скопје, а имотот, според документацијата, е на име на таткото на пратеникот.

За целиот случај Управата најави дека ќе ја информира јавноста преку соопштение во текот на денов.

Total
5
Shares

USJE
Поврзани објави