Апасиев: Попишувач ми кажа дека не можат да не казнат ако не отвориме врата

Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, по првиот изминат ден од националниот попис повторно ги повика граѓаните да ја бојкотираат најголемата статистичка операција.Пратеникот вели разбрал дека Државниот завод за статистика не може да иницира казна за непопишување, затоа што, како што вели, никој не би знаел кој живее во домот, и затоа од симпатизерите на неговата партија побара да не отвораат врата и да не се идентификуваат.„Инсајдерска информација од попишувач на терен во Државниот завод за статистика: „Здраво, бидејќи обичниот народ се плаши од казни, граѓаните треба да знаат дека ние имаме само АДРЕСИ од Катастар, но не знаеме кој живее во куќите/становите – се додека лицето самото не се идентификува. Па, како би можеле ние да казнуваме, кога немаме такви информации, а ни овластувања!? Може да излезе кираџија или гостин, а не газдата на станот.

Инаку, на првиот ден имавме константен недостаток и проблеми со апликацијата за попишување“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Total
1
Shares
Поврзани објави