Арсовска тврди дека нема контакти со Груевски, ниту ги нарачала билбордите со Мицкоски

Градоначалничката Данела Арсовска денеска изјави дека нема контакти со поранешниот премиер Никола Груевски.

-Немам контакт со никого и ниту со еден политички лидер, сегашен или поранешен, освен тоа што е во врска со функцијата градоначалник што ја вршам. Не ме интересира политика, туку само интересот на граѓаните – вели Арсовска.

На прашањето дали таа е нарачател на билбордите со Христијан Мицкоски поставени низ градот, вели дека не е.

-Немам ниту таква моќ, немам ниту средства, ниту правам такви нешта ниту имам зошто. Вие и самите знаете кои се луѓето коишто имаат моќ во градот и во државата, а во ниту еден случај не сум јас…Оставам на судот на граѓаните да оценат кој е во право кој не. Јас сум сама и немам проблем да застанам против сите кога се работи за јавен интерес и за заштита на она кое што го гледавме во изминатиот период. Се` тоа си има соодветни постапки коишто на крај ќе докажат кој бил во право – истакна градоначалничката.

Во однос на тоа дали има многу непријатели и дали се чувствува безбедно Арсовска одговори дека има повеќе пријатели отколку непријатели.

-Искрено да ви кажам во изминатите месеци многу работи се случуваа. Знам дека се соочувам со една ако можам така да кажам машинерија и луѓе коишто сега во овој момент не им е мило затоа што се разобличува сето она кое што сакале да кажат дека некој друг можеби го правел во изминатиот период. Што се однесува до мене јас не се плашам. А дали тие планираат нешто да преземат или не, тоа оставам на нив – рече Арсовска.

Total
3
Shares
Поврзани објави