Лионел Меси постигна спектакуларен гол на своето деби за Интер Мајами во победата од 2-1 над мексиканскиот Круз Азул. Легендарниот Аргентинец го постигна победничкиот гол од слободен удар во 94. минута, а неговата „магија“ го расплака сопственикот на тимот, славниот Дејвид Бекам.
По натпреварот, поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ и Милан призна дека знаел каде ќе заврши топката, отккао беше досуден слободниот удар за неговиот тим.
„Искрено, кога го видов досудениот слободен удар, помислив: „Вака треба да заврши“. Ова е голема вечер за нашите фанови, но и за луѓето кои дојдоа само да го видат Лео како игра. Oва е остварување на сонот за сите нас. Да го видам Меси како игра во оваа земја и лига… Немам што повеќе да ви кажам“, изјави Дејвид Бекам.
Ваквиот исход од дебито на Лионел Меси може да го израдува славниот Англичанец, бидејќи јавноста уште повеќе ќе полуди по аргентинскиот волшебник. Ова нему и на клубот му носи огромен профит. Пред овој натпревар најевтиниот билет за домашниот натпревар на Интер Мајами беше 29 долари, а за дуелот со Круз Азул таа бројка беше 467 долари.