Бектеши за „Слободен печат“: Дискотеката „Привилиџ“ нема лиценца за работа

Од Државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб пред кој минатата недела до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот, иако и претходно постапувале

Дискотеката „Привилиџ“ пред која минатата недела до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот немала лиценца за работа.

Ова за „Слободен печат“ го потврди министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додаде Бектеши.

Од Државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека немало обид за сокривање на убиството на ракометарот Денис Тот.

„Прибираме податоци и информации за сите аспекти. Работат колегите и ќе видиме за резултатите од цел настан. Се бараа информации од Брза помош за од каде е подигнат човекот, а првата информација се базира на увидот и анализата која на направиле анализата на Клиничкиот центар. Истражните дејствија продолжуваат се до расчистување. Вие бевте сведоци дека немало снимки, дека се избришани и тн. Такви дезинформации не помагаат. Сите аспекти во тој дел, во делот на посета на местото на настанот кога ни беше укажано каде е пронајдено момчето, преку камерите од ‘Сејф сити’ се пристапи кон расчистување на случајот“, кажа Спасовски.

Во полиција, изјави за настанот дал сопственикот на клубот „Привилиџ“ каде бил претепан Тот, како и вработена. На видео снимка детално се гледа настанот како се одвивал.

„Првичната информација ја даваме на база на она што ни го кажуваат од Клиничкиот центар. Понатаму има гледање на камери, истражни дејствија, повикување на сведоци, како сопственикот на дискотеката, вработената. Тие се повикани во четвртокот на пладне. Сите лица кои биле од интерес на истрагата се повикани во полициска станица и заведени“, додава Спасовски.

Total
26
Shares
Поврзани објави