Бектеши: Цените на брашното, лебот, шеќерот , млекото, месото да бидат замрзнати до крајот на февруари

Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.

Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, со цената што ја имаа на 1 декември која ќе важи до 31 јануари 2022 година. Дополнително беше донесена и одлука да биде замрзната и цената и на оризот, тестенините и јајцата. Замрзнувањето на цените важеше во трговијата на мало и на големо.

Total
21
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Екипа од Универзитетската детска клиника ќе ја истражува причината за респираторни инфекции кај деца во Гевгелија

Екипата од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводена од доктор Аспазија Софијанова, денеска по бараната лекарска помош за…