Битолчанка објави страшно сведоштво – мајка и починала во болница без да добие медицинска помош

На социјалните мрежи битолчанка објави шокантна сторија како мајка и два дена се борела за здрив и два дена барале помош во битолската болница. Исходот е инфаркт кој според сведоштвото докторите не го препознале и не превзеле соодветни мерки. Сведоштвото го пренеуваме во целот – идентитетот познат на редакцијата

Болницата- штала во Битола е невидено нешто. Невидено.

Синоќа бевме со мајка ми на ургенто во Битолсата болница , ја прегледаа и направија ЕКГ , велат нема ништо.

Денес почна да се гуши околу 11 часот и добро е што бев дома. Веднаш повикав брза помош , навистина стручни , дојдоа одма , ја пренесоа со количка и отидовме на болница. Во интерното одделение.

Мајка ми почна уште повеќе да се гуши , почна да дише како риба на суво. а мене ме тераа да извадам упат на ургенто одделение се со цел да ја примат на болница. Јас се шеткав по скалите , а докторката си работеше сосема друго. Млада докторка која очигледно не знае да препознае пациент во прединфарктна состојба. Се качив горе на инрено одделение , мајка ми облиена со ладна пот уште повеќе се гуши. Ја однесоа во соба , ја легнаа , и веднаш умре. Доаѓа сестрата или болничарката , не гледа дека мајка ми превртува очи , вели излазете треба катетар да се стави . Велам , гледаш дека умира, каков катетар. Одма ја повика младата докторка, велам зошто ништо не превзеде пола час с,ме тука и се гуши мајка ми , таа вели имала друга работа. Потоа се заклучија и еден час ја реанимираа . Глупости. Тотално непознавање. Штала . Штала . Штала.

За голема жал , Стерјо Боздов , од мојата фамилија го оформи медицинскиот факултет во Скопје , но подобро тоа да не го правеше. Ако ти човек според клиничката слика не можеш да го распознаедали е во критична ситуација или не и да го оставиш на столица да се гуши , а ти да си работиш друго, СРАМОТА , ЗА МЛАДАТА ДОКТОРКА ОД ИНТЕРНО МАЈА.

Total
13
Shares
Поврзани објави