Биљал Касами обвини за политички притисок зашто финансиската полиција дошла во Општината

Финансиска полиција утрово вршела истражни активности во општина Тетово. Градоначалникот Биљал Касами, тоа го оценува како политички притисок, затоа што се работи за предмет од пред 10-тина години на поранешен градоначалник. Од Управата за финансиска полиција велат дека постапуваат по наредба на Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но не откриваат детали затоа што случајот е во предистражна постапка.

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами обвини за политички притисок врз него, затоа што финансиската полиција утрово дошла во Општината за да врши истрага за активности во мандатот на поранешниот градоначалник Сади Беџети, кој функцијата ја извршуваше од 2009 до 2013 година. Касами, вели зошто тоа не го направиле порано, туку сега кога тие како нова локална самоуправа се соочуваат со многу предизвици и неисплатени плати за вработените.

Од Управата за финансиска полиција, пак, во писмена форма ни одговорија дека постапуваат согласно наредбите и постапуваат неселективно.

„Управата за финансиска полиција веќе неколку месеци прибира податоци и сознанија и постапува по наредба на Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Управата во своето редовно работење постапува неселективно и непристрасно, согласно своите законски надлежности и добиените насоки и наредби од ОЈО“.

Од Финансиската полиција не откриваат детали за случајот, затоа што, како што велат се додека е во предистражна постапка, поради начелото на тајност, не можат да споделат повеќе релевантни информации и порачуваат истиот да не се злоупотребува и користи во политички цели.

Total
6
Shares

USJE
Поврзани објави