Борисов пуштен од притвор – ова е враќање на комунизмот

Европското обвинителство во моментов го истражува случајот со апсењето на Бојко Борисов, Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова и обвинувањата против нив, изјави синоќа бугарскиот премиер Кирил Петков на вонредната прес-конференција на Советот на министри.

Видно нервозен тој даде куса изјава за медиумите, во која однесување на владата на премиерот Кирил Петков, го оцени како враќање на комунизмот во Бугарија.

„БРУТАЛНО…ГАДНО…НЕ ВРАТИЈА ВО КОМУНИЗМОТ.СИНОЌА, ВЕЧЕРАВМЕ СО ДЕЦАТА, ДОЈДОА И ЦИВИЛНИ И УНИФОРМИРАНИ ЛИЦА. ЈА РАСТУРИЈА ЦЕЛАТА КУЌА. НИКАКВО ОБВИНЕНИЕ, НИШТО“ – ИЗЈАВИ БОРИСОВ.

Тој изрази и загриженост дека наредниот пат може и да биде убиен.

Повод за прес-конференцијата беа изјавите ДРжавното обвинителство според кое полицијата не им доставила предлог уредба за вмешаност на обвинетите лица. Обвинителството го критикуваше МВР за нивните постапки во последните 24 часа во врска со приведувањето на тројцата.

„Обвинителството има уште еден сериозен проблем – европското обвинителство работи на овој случај. Сега постои паралелна европска структура, во која веруваме многу повеќе, која исто така работи на овој случај и ќе има многу јасни информации на европско ниво“, рече Кирил Петков. 

„Битката започна и отсега ќе работиме со сите инструменти на Европа за да ја придвижиме Бугарија на следното ниво. Жал ми е што обвинителството вечерва се разоткри на таков очигледен начин“, додаде тој.

Министерот за внатрешни работи Бојко Рашков нагласи дека трите проекти за обвинение биле доставени до обвинителството пред пладне. Тој објасни и зошто Борисов, Горанов и Арнаудова се уапсени по член од законот за итни случаи. „Веќе подолго време МВР нема основа да има доверба во бугарското обвинителство. може да дознае каква е нивната судбина“, рече Рашков.

Total
15
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нови гранатирања во Киев

Рано утрово, на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје. Оливер…