Бубевски нов шеф на скопското обвинителство?

За еден месец би требало да се избере новиот шеф на скопското обвинителство, откако пред половина година, обвинителот Сашо Рајчев се повлече од позицијата и беше избран за виш обвинител.

Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ вели дека изборот се пролонгираше поради изборите, но сега останува да состанат членовите на Советот и да гласаат.

Во трката се тројца обвинители и тоа Гаврил Бубевски, кој беше дел од згаснатото СЈО, Ермон Незири и Елизабета Павловска.

Обвинителот Бубевски се споменуваше и како можен наследник на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој се очекува да биде избран за уставен судија, но и овој избор се развлече, поради што челната позиција во скопското обвинителство на Бубевски засега му е подостапна.

Рамо до рамо до Бубевски е исправен и обвинителот Незири,  кој неколку пати се најде во најтесниот круг за избор.

Имено, како најголем фаворит неговото име се вртеше на конкурсот за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кога беше избрана Вилма Русковска, но и на конкурсот за скопско, кога победи Рајчев.

Поточно, тогаш во игра беа само двајцата, но од записникот на седницата може да се види дека тој ги повлекол документите за избор.

Павловска пак беше една од заменичките на Рајчев, која по неговото заминување беше назначена за в.д јавен обвинител.

извор: Фокус.мк

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ченто останува во притвор

Тричлениот кривичен совет на скопска Апелација ја одби жалбата на обвинетиот за собраниските насилства, Јане Ченто, да му…