Бугарското Собрание го одобри францускиот предлог за Северна Македонија

Народното собрание на Бугарија денеска го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а 21 воздржани.

Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија Христо Иванов, и дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови.

– Ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Република Северна Македонија преку нивното вметнување во Уставот, ништо во пристапниот процес на РСМ да не биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и гаранции од ЕУ дека сето ова ќе биде исполнето, се условите што ги поставува Софија.

Ова решение го подржаа пратениците од „Промената продолжува“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ). „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ се против, а од „БСП за Бугарија“ воздржани.

ДПС и ГЕРБ во одвоени соопштенија го нагласуваат стратешкиот интерес на Бугарија за проширување на ЕУ кон Западен Балкан и особено кон Северна Македонија и Албанија. Претсдеателот на Демократска Бугарија Христо Иванов, чиј предлог денеска беше одобрен од Народното собрание, рече дека најсилниот притисок не бил врз Северна Македонија, туку врз процесот на интеграција. Тој рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ. Ако не ги исполни условите од преговорите и не го смени својот Устав, Република Северна Македонија нема да започне преговори за интеграција во ЕУ.

Тој ја критикуваше ГЕРБ и ги праша дали е толку важно да се гласа за недоверба на Владата оваа недела кога се одржаа двата состанока ЕУ-Западен Балкан и Советот на ЕУ. Рече дека БСП се воздржува од гласање зашто им треба повеќе време, широка дебата, стабилна политичка атмосфера и да се види дали Бугарија ќе добие подобар предлог за следното претседателство со ЕУ во наредните месеци.

Тошко Јорданов од партијата на Слави Трифонов се изјасни против одлуката и денешниот ден го оцени како срам за Бугарија и ги нарече предавници кои го поддржаа. Против беше и најмалата пратеничка група на „Преродба“.

Total
23
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Воз излета од шини

Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје,…