Бујар Османи: Теута Арифи е жртва на лажни вести, вчера ДУИ беше на гости во Липково

Никогаш немало испратени агремани Теута Арифи да биде амбасадорка во Вашингтон. За неа немало формализиран предлог за амбасадорка во Брисел и никогаш, ама баш никогаш не бил пратен агреман за Арифи да биде амбасадорка во Анкара. Ова е одговорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за новите амбасадори предложени од Владата, а по информациите во дел од медиумите дека Теута Арифи по одбивањето од Вашингтон и од Брисел, не добила виза ни за амбасадорското столче во Анкара, Турција.

– Мислам дека треба да бидеме внимателни, еве денеска е ден на слободата на медиумите, но мора да внимаваме на прашањето за лажните вести, оти на крај жртви на лажните вести се граѓаните. Освен достоинството на луѓето за кои зборуваме непроверено. Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадорка во Анкара. Немало ни размислување. Вчера не само портали, туку големи медиуми објавија вест за Арифи без да побараат став од МНР. Никогаш немало предлог за Арифи за Вашингтон,  за таа да биде одбиена. За ЕУ немало формализиран предлог за Арифи, имало размислувања, но формален предлог за Брисел за Арифи немало. Ни за Анкара немало агреман за неа. Да внимаваме при споменување на имиња. Не било пратено барање за агреман за било која држава за Теута Арифи – рече Османи.

Во врска со вчерашното славење на споменикот на ОНА во Липково министерот одговри:

„Вчерашното случување во Липково не беше партиска активност. Јас сум информиран дека општинските власти ги имаат запазено сите процедури за тоа спомен обележје. Ние бевме гости кај градоначалникот и не гледам ништо спорно таму“, рече Османи.

Total
1
Shares
Поврзани објави