Видео: Зеленски доживеа сообраќајка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доживеа сообраќајна несреќа, јавува Би-би-си.

Неговиот портпарол, Серхиј Никифоров изјави дека несреќата се случила во Киев, кога патничко возило се судрило со претседателскиот автомобил.

Според неговите зборови, Зеленски бил прегледан од лекар и констатирано е дека нема сериозни повреди.

Возачот на приватниот автомобил бил прегледан на местото на настанот и пренесен во болница.

Никифоров кусо рече дека детално се истражуваат причините за сообраќајната несреќа.

Сепак, Зеленски подоцна си се обрати во видео обраќање, како и секоја вечер.

Total
2
Shares
Поврзани објави