Видео од пристигнувањето на трансформаторот во РЕК Битола

Носечката единицa од трансформаторот за Блок 3 во РЕК Битола пристигна во кругот на комбинатот. Следува фаза на монтирање и процес на пуштање во производство на блокот во следните десетита дена. Со тоа се создава можност во јануари да работат сите три блока во РЕК Битола, како и сите други електрани со максимален капацитет, соопшти ЕСМ.

„Производството на АД ЕСМ во моментот достигнува речиси 19.000MWh дневно и со него се покрива целосно регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од дополнителните снабдувања по одлуки од Владата. Само мал дел електрична енергија се набавува. Со третиот блок планирано е производството уште повеќе да се зголеми“, се вели во информацијата на ЕСМ.

Total
0
Shares
Related Posts