(ВИДЕО) Пронајдена марихуана во вредност од над пет милиони евра во Штипско

Во Општина Карбинци, Штипско, биле пронајдени и одземени околу 15 500 стебла со марихуана, чија пазарна вредност е процената на повеќе од пет милиони евра, соопштија од МВР.

Растенијата со канабис биле пронајдени кај три лица на пет локации во Карбинци.

„Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15 415 растенија“, соопшти портпаролот МВР, Сузана Прањиќ-Талевска.

Total
9
Shares
Поврзани објави