(ВИДЕО) Русија утрово гранатираше станбена зграда во Киев, има и загинати

Русија гранатирала станбена зграда во Киев, а има и жртви, јавуваат украинските медиуми.

Украинската служба за итни случаи дојавата ја добила околу 5 часот по локално време утрово, а како што јавуваат медиумите зградата сè уште е во пламен.

Фото: Украинската служба за итни случаи

Државната телевизија во Украина првично јави дека има најмалку еден загинат, но „Киев индипендент“, пренесува дека има најмалку две жртви и тројца повредени во ракетен напад. Истата информација ја објавиле и од службата за итни случаи. Оттаму споделија и фотографии кои покажуваат како чад се крева од гранатираната деветокатница, додека пожарникари се обидуваат да ги спасат жителите кои живееле таму.

Total
27
Shares
Поврзани објави