Видео: Скандалозен говор на српскиот владика Никанор за „ЕуроПрајд“ – „распали“ и по Брнабиќ

Банатскиот владика Никанор во скандалозен јавен говор практично „ја проколна“ премиерката Ана Брнабиќ, но и сите кои ќе учествуваат на EuroPride во септември во Белград. Тој изјави и дека би „употребил оружје“ против учесниците на Парадата на гордоста, пренесе Нова.рс.

Никанор ја нарече Ана Брнабиќ „ќерка и внука на српските касапи“, а ги повика свештенството и народот да се побунат против геј парадата, тврдејќи дека тој лично би употребил оружје.

Говорот на омраза на владиката на СПЦ, во кој тој го прекрши законот – затоа што јавно дискриминираше поединци и групи, а потоа повикуваше на насилство и линч – доби бројни осуди на социјалните мрежи.

„Ќе си дозволиме ли да ја слушаме таа што осквернави се во нашата земја, нема ни да и го спомнам името? Онаа што дозволи нејзиниот брат да биде татко на нејзиниот син?Ќе го дозволиме ли тоа? Таа нема ниту вера, ниту наше потекло, туку е непријател и таа денес ни проповеда дека не постојат татко и мајка. Сите ќе се спротивставиме на тоа. Јас ќе бидам прв. И се колнам! Ќе го проколнам секој што ќе го проповеда ова. И оружје би употребил ако имам“, рекол владиката.

Total
3
Shares
Поврзани објави