Видео: Страшни снимки од Доњецк – Кличко објави фотографии од нападот на Киев (УКРАИНА ДЕНЕС)

Според РИА Новости, дваесет лица загинале, а девет се повредени во наводниот напад на украинските војници на Доњецк со проектил „Точка-У“, објави штабот за територијална одбрана на ДНР на каналот Телеграм.

Градоначалникот на градот, Алексеј Кулемзин, изјави дека ракетата била соборена во близина на зградата на Владата. Според шефот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, во нападот се повредени и деца.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави фотографии од нападот врз Киев на „Телеграм“.

„Киев денеска беше нападнат од непријателот. Рано утрото граната погоди деветокатница во Оболон. Според новите податоци едно лице загина, а 10 се повредени. Околу 70 жители се евакуирани“, напиша Кличко со објавените фотографии.

Total
1
Shares
Поврзани објави