Владата дозволи работа на дискотеките со половина од капацитетот

Ноќните клубови, баровите и угостителските објекти за свадби и други прослави ќе можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектите, одлучи Владата на синоќешната седница.

Дополнително, од Владата соопштија дека од 15 ноември за влез во угостителски објекти, хотели, трговски центри, бензински станици, казина и обложувалници, или за посетување настани ќе биде задолжително да се покаже сертификат за две примени дози од вакцината против Ковид-19, наместо една доза како што беше досега, или пак потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето.

Оттаму додаваат дека новите мерки се донесени согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести.

На вчерашната седница било одобрено и организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Total
5
Shares

USJE
Поврзани објави