Во Грција рестриктивни мерки за невакцинираните додека трае пандемијата

Рестриктивни мерки, строго за заштита на јавното здравје, ќе продолжат да постојат за невакцинираните, сè додека имаме пандемија, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони во интервјуто за радиото „Алфа 989“ и додаде дека од моментот кога сите вакцини се достапни за сите, „не може да разговараме за рестрикции за целотото општество и економијата“.

Пелони објасни дека пандемијата во земјата се стабилизира, но од друга страна постои закана од мутациите и затоа истакна дека е потребно забрзување на процесот на вакцинација.

– Штом ова оружје го имаме во наши раце, немаме никаков изговор да не го користиме. Не постои изговор за да не се вакцинираме. И од моментот кога, очигледно, вакцината е достапна за сите, локдаун, рестриктивни мерки за целата земја, во никој случај не се решение. Се надеваме дека нема да има исклучоци. Но, ако има, сепак, ќе бидат насочени мерки. Рестрикциите ќе важат за невакцинираните – објасни портпаролката на грчката Влада.

Total
26
Shares
Поврзани објави