Во Европа дрaстично поскапува лебот

Во август цената на лебот во Европската Унија била во просек за 18 отсто повисока отколку во истиот месец од 2021 година, покажуваат податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат). Тоа претставува огромен пораст во однос на август минатата година, кога цената на лебот беше во просек за три отсто повисока од 2020 година.

Цените на маслата и мастите за јадење нагло пораснаа, но значително поскапеа и важните производи како лебот, месото и зеленчукот. Ова стана особено изразено по почетокот на конфликтот во Украина, кој значително ги вознемири светските пазари, бидејќи Русија и Украина се главни извозници на житарки, пченица, пченка, маслодајни семиња (особено сончоглед) и ѓубрива.

Некои земји од Европската Унија беа многу повеќе погодени од поскапувањето на лебот отколку другите земји-членки. Највисока просечна стапка на пораст на цената на лебот во август е забележана во Унгарија (+66 отсто), потоа Литванија (+33 отсто), Естонија и Словачка (и двете +32 отсто).

Од друга страна, лебот најмалку поскапе во август во Франција, за осум отсто, потоа во Холандија и Луксембург, во двете земји по 10 отсто.

Total
24
Shares
Поврзани објави