Во Колумбија фатен водачот на најголемиот нарко-картел

Најбараниот тровец со дроги во Колумбија, водачот на Заливскиот картел Диаро Антониот Усуга Давид, познат како Отониел, е заробенм во саботата во тек на операција којашто ја спровеле колумбиските вооружени сили, потврдија ноќта кон неделата воени и полициски извори

Според изворите на дневниот весник El Tiempo, операцијата била изедена во општината Некокли во северозападна Колумбија. Во текот на ноќта Усуга наводно бил пренсен во Меделин.

Заливскиот клан или картел се смета за најголемата злосторничка организација во Колумбија, која ја контролира трговијата со наркотици. Усуга, пак, беше најбараното лице во земјата.

Колумбија за информации за местото на коешто престојува Отониел понуди награ од 3 милиони пезоси, или околу 800.000 американски долари, додека американските власти понудија награда од 5 милиони долари за помош во неговото лицирање.

Колумбискот претседател Иван Дуке  на прес-конференција пренесувана на неговиот профил на Twitter ја потврди информацијата за апсењето на Отониел и прецизираше дека операцијата под кодното име „Зрис“ била заедничка акција на  полицијата и војската и оти претставува „крај на Заливскииот клан“.

Според Дуке, апсењето на Усуга претставува „најсерниот удар кој е нанесен на трговијата со наркотици во овој век во Колумбија“ и кој може да се спореди „само со падот на (нарко-босот) Пабло Ескобар во 1990-те“.

Колумбискиот претседател истакна дека има барања за есктрадиција на Усуга, вклучително и од САД.

„Ќе работиме со властите, за остварување на таа цел, но на начин на кој нема да се меша расветлувањето на злосторствата изврешни во нашата земја“, додаде Дуке.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Курц под истрага за корупција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ги отфрли обвиненијата на обвинителството за економски криминал против него и неколку други…