Во Русија, вооружен напаѓач во училиште застрела 5 ученици, двајца наставници и двајца вработени во обезбедувањето

Во градот Ижевск во централна Русија, вооружен напаѓач во училиште застрела 5 ученици, двајца наставници и двајца вработени во обезбедувањето.

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачот се самоубил откако го извршил крволочниот напад во училиштето број 88 во Ижевск, главен град на федералната република Удмуртија.

Напаѓачот влегол во училиштето со два пиштоли и почнал да пука. Беа објавени повеќе снимки на кои децата од училиштето се кријат по училниците и шепкаат меѓу себе чекајќи помош од полицијата.

Во нападот се повредени уште дваесетина луѓе.

Ижевск е со големина како Скопје има над 650 илјади жители и се наоѓа на околу 1200 километри источно од Москва.

Total
7
Shares
Поврзани објави