Според Министерството за внатрешни работи, пожарот бил локализиран околу 3:30 часот, но утрово во 9 часот било пријавено дека тој повторно се активирал. Како што додаваат оттаму, во случајот нема повредени лица
Голем пожар синоќа избувнал во депото на „Македонски железници – Транспрот“ на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје, а во кој биле зафатени вагони на јавното претпријатие.
Пожарот, како што информира командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски, бил пријавен околу 2 часот по полноќ.
Според него, огнот е локализиран, но противпожарните екипи сè уште се на терен и работат на негово целосно гаснење.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ноќеска во 1:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека настанал пожар во хангар на „Македонски железници“ во кој имало стари и неисправни вагони и локомотиви.
„Во 03:30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот“,информираат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи.