Грабеж во полициски магацин во Охрид

Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.

Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.

– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, изјави Димоски.

Известен бил јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Total
19
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Бензинот поскапува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за…