Груевски: Камчев после три средби “се испазари ” со обвинителката

Екс премиерот Никола Груевски се уште не може да му го “прости” сведочењето на бизнисменот Орце Камчев, за “Плацеви на Водно”, па повторно преку фејсбук статус се обиде да се оправда.

-Полека излегува на површина не вистината и не логичноста во последната изјава на Јордан (Орце) Камчев дадена пред неколку дена судот, кога за 180 степени ја смени својата позиција во еден ден во предметот “Плацеви Водно”, одкако во претходните денови имал три лични и без придружба на адвокати средби со обвинителката Лиле Стефанова.

Тој додава дека Камчев издржал неколку месеци, но сега поклекнал и кажал лага дека му се чуваат три стана во “Панорама”, во замена за плацовите на Водно, за кои исто така негира дека е сопствник.

-Камчев освен изјавата во обвинителството речиси 20-30 рочишта во судот ја бранеше вистината, издржа 7-8 месеци притвор, време во кое доаѓаа поранешни евро комесари да бараат да се запре политичкиот прогон кон него, илјадници негови вработени, угледни лекари и пријатели му изразува јавна подршка секојдневно преку социјалните мрежи, шест адвокати го положија својот авторитет и во судот и во јавноста, за одеднаш после три средби “пазарење” со обвинителката целосно да ги промени своите позиции и да ги понижи и сите оние кои веруваа во неговата невиност и истрајноста во борбата за докажување на правдата, напиша Груевски.

Total
1
Shares
Поврзани објави