Грција – Загинаа тројца планинари, биле затрупани од лавина

×éïíéóìÝíï Âßôóé

Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати.

Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП.

Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето.

Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот.

Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни.

Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела.

Локалните медиуми објавија дека тројцата најверојатно биле затрупани од лавина.

Total
28
Shares
Поврзани објави