Да го спасиме Лорик од Кичево, миленикот на генерација, детенце на кое фудбалот му е во срцето, а сега му требаме за да оздрави!

Почитувани кичевчани, до сега сме покажале големи дела пред се од хуманитарен карактер, сме организирале најразлични настани само колку што можеме да го обединиме народот кога се работи за нешто човечко, нешто хуманитарно кое само како така може да опстои. Денес стоиме пред вас и упатуваме апел за едно златно детенце по име Лорик, кој има 11 години. Гратско детенце, фудбалерче со блескава иднина, миленик меѓу својата генерација, од угледна фамилија и прекрасни и почитувани родители меѓу народот во Кичево.https://www.facebook.com/v3.2/plugins/quote.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df2e6d9bb38ea78%26domain%3Dporta.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fporta.mk%252Ff26ae82bc63e87c%26relation%3Dparent.parent&container_width=740&href=https%3A%2F%2Fporta.mk%2F%3Fp%3D47088&layout=quote&locale=mk_MK&sdk=joey

Семејството Зендели од Кичево се соочуваат со непозната болест, која допрва треба да се испитува, детенцето наеднаш добива пречки во одењето, дишење, говор, така што по направените без успешни обиди за лекување во нашата држава, по препорака на други одлучиле да бараат решение во други земји, по дополнителните анализи од нашите клиники и од Австрија, добиваат позитивен одговор за лекување во Германија, каде почетната сума за дијагноза чинела околу 17.000 евра, сума која за среќа била собрана благодарение на донациите кои се собрале во најкус можен рок, додека сега следува потешкиот период на лечење, а на семејството му е потребна нашата помош.

– Направен е линк преку мрежата на „Gofundme“ каде на истата може електронски да се донира пари ТУКА кој колку може. Да бидеме спллотени, да се помагаме, без разлика на нашата етничка или верска припадност, животот е еден и мора да го живееме!

Ајде да ја покажеме нашата хуманост на дело!

Фамилијата од срце Ви се заблагодарува за досегашните донирани финансии!

Total
8
Shares
Поврзани објави