Двајца починати – се скина каиш на кран на градилиште во Кавадарци

​Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.

На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.

Неофицијално се скинал каишот на кранот кој кревал товар.

Total
18
Shares
Поврзани објави