Две лица повредени во Охрид по удар од гром!

Две лица се пренесени во болница, откако биле повредени по удар од гром. Настанот се случи на плажата „Оревче“, во близина на кампот „Градиште“ во Охрид, попладнево, откако градот го зафати силно невреме со дожд, ветер и грмежи.

Неофицијално станува збор за две лица од Ресен и Битола. Тие се пренесени во Медицинскиот центар во Охрид. Едното лице има изгореница на ногата, а другото проблеми со слухот.

Total
53
Shares
Поврзани објави