Девојката ги отфрла обвинувањата за убиство – учениците бараат правда за нивниот убиен пријател

Во Кривичниот суд-Тетово, во придружба на полицијата беше спроведена 17-годишната девојка осомничена за убиството на 16-годишниот Б.С. од Ново Село. Таа сведочеше пред судијата, отфрлувајќи ги обвиненијата за убиство.

„За време на распитот девојката го негираше делото и рече дека се вмешани две други лица, кои не ги идентификуваше. Малолетничката негираше каква било вмешаност или дејствие што ги предизвикало смртните последици врз малолетникот Б.С. Од содржината на нејзиниот исказ, може да се констатира дека истрагата е префрлена на уште најмалку две лица кои досега не се идентификувани“, вели Ибрахим Бајрами.

Додека таа беше на суд, другарите и соученици на жртвата од Средното економско училиште протестираа барајќи што поскоро расветлување на случајот.  

„Не знаеме како дошло до случајот, но сите сме потресени. Душата нѐ боли бидејќи ни беше повеќе од пријател. Сакаме правдата да излезе на виделина, не треба да молчиме доколку ова злосторство помине неказнето“.

„Правда за нашиот брат Бехар. Сето ова не нѐ потресе само нас… Молчењето е соучесник во убиство. Сѐ може да се прости, но не и убиство. Убијците немаат причина, но имаат име. Беше редовен ученик, пример за нас. Не очекувавме дека момче како Бехар ќе заврши вака…“

Пред неколку дена 16-годишниот Б.С. беше пронајден мртов во реката Пена, кај месноста Бањиче во Тетово, по што 17-годишната девојка беше приведена како осомничена. Обвинителството и полицијата работат на прибирање докази и искази за расветлување на трагичниот случај.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сеад Кочан во болница

Сеад Кочан хоспитализиран во приватна болница пет дена пред да оди во затвор, според упатниот акт. Не се…