Дев деца на 2 и 5 години тешко повредени во железничка несреќа кај Боримечка во Битола (фото)

Две деца на возраст од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, на неколку стотини метри од битолската Железничката станица Двете деца се хоспиталзирани во Битолската болница, а за едното, кое е во потешка состојба,  се подготвува транспорт за Клиниките во Скопје. Нивната мајка која управувала со автомобил марка пежо во оваа железничка несреќа минала со лесни повреди и не е хоспиталзирана.

-Двегодишно дете е хоспиталзирано во многу тешка сосотјба, со тешки телсни повреди и се наоѓа на интензивна нега, а се подготвува за транспорт на Универзитетска  клиника по детска хирургија во Скопје. Дете на 5 години има тешки телесни поврди, хоспитализирано е на Одделението за неурохирургија во Клиничка болница Битола и  за сега е во стабилна сосотјба. Нивната мајка е третирана амбулантски, до овој момент не е хоспиталзирана, информираат од Клиничка болница Битола.

Од полицијата велат  дека несреќата кај нив е пријавена во 8 часот, кога работна машина која се движела по пругатата во насока кон Железничката станица во Битола удрила во возило. Од таму засега нема информации  како дошло до несреќата, но се се испитува дали возилото минало преку пругата додека рампата била спуштена  на железничкиот премин кај населбата Боримечак во Битола. Потоа автомобилот   бил  влечен  од локомотивата  неколку метри,а бетонскиот столб на кој е поставена едната  рампата е урнат.

текст и фото : apla.mk

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави