Детали од сообраќајката во која загина Мац Црни

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи вчера рано утрото на улица „Скупи“ во Скопје.

Како што информира МВР, сообраќајката е пријавена во 05:50 часот, а во неа учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје.

Возачот на автомобилот, велат од МВР, го напуштил местото на настанот, но подоцна самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар.

– По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите, информираат од Министерството.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Од починатиот Мац-Црни вчера се простија „Комити“ и „Сити парк бојс“ кои наведоа дека загубиле навивачка супер ѕвезда. Погребот ќе се одржи во вторник на Градскиот гробишта во Бутел.

Total
3
Shares
Поврзани објави
Повеќе

22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна и молекуларна медицина

Доника Клења, 22-годишна студентка од Дебар, е најдобар студент на Универзитетот во Бристол, Англија, од областа на клеточна…
Повеќе

(Фото) Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Не сакам да гледам уште една војна со невидливото

Познатата македонска актерката Милица Стојанова се вакцинираше против Ковид-19. “Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот…