Дизелот поевтинува 5 денари

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, во изјава за МИА најави поголемо намалување на цените на горивата од полноќ.

Според изјавата на Бислимоски, дизелот од полноќ поевтинува за пет денари за литар, цената на бензинот еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена пониска за четири денари.

Споредено со цените на горивата од последната одлука на РКЕ од 7 декември, со денешната одлука дизелот ќе се продава за 79,5 денари за литар, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 77,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе чини 79,5 денари за литар.

Според најавата на првиот човек на РКЕ, од полноќ намалување на цените ќе има и кај екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Италија одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на повереници, во обид да избегне затворање поради претстојното ембарго на руската нафта преку море

Италијанската влада во четвртокот одобри ставање на рафинеријата на Сицилија во сопственост на руски Лукоил во рацете на…