Дојави за бомби во трговски центри во Белград и Ниш

Трговските центри „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград и „Делта планет“ во Ниш денеска се евакуирани поради дојава за бомба.

Контрадиверзантските екипи се во трговските центри „Галерија“-(Белград на вода), „Меркатор“ (Нов Белград) и „Рајичева“ (најстрогиот центар на Белград), изјавија во Министерството за внатрешни работи.

Исто така, околу 14 часот нишката полиција добила анонимна дојава дека во трговскиот центар „Делта планет“ била поставена бомба.

Трговскиот центар бил веднаш евакуиран. Во тек се увиди на објектите.

Total
17
Shares
Поврзани објави