Д-р Пановски: Се надевам дека ова не е затишје пред бура и дека и за делта-сојот ќе имаме имунитет

Се надевам дека оваа состојба со ковид-19 не е затишје пред бура и дека и за новиот делта (индиски) сој ќе имаме имунитет, вели микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за „Утрински брифинг“.

Со делта-сојот ќе видиме што ќе се случува, во светот гледаме, на Балканот ќе видиме. Овие бројки никој не ги очекуваше. Како што не очекував таков страшен бран во пролет, не очекував и ваков брз пад на случаите. И покрај мерките кои се попуштени, еве гледам во Охрид, ретко кој става маски, се собираат младите, се прават матурски, свадби, а сепак не гледаме некој пораст на бројките. Она што го гледаме мене ми е рамно на нула“, изјави Пановски во „Утрински брифинг“.

Тој смета дека опуштањето на мерките за заштита од ковид-19 е логичен чекор, но смета дека заштитната маска треба задолжително да се носи на затворени места поради ризикот од зараза со делта-сојот на коронавирусот. За евентуален нов бран на пандемијата, Пановски смета дека нема да биде толку силен како претходните.

Постепено треба да се попуштаат и други мерки и да се види до кај сме. Друг начин нема да се тестира состојбата. Со опуштање гледаме веќе две недели нема ширење на болеста иако мерките на отворено се опуштени. Сè уште би задржал да не работат рестораните во затворено и сè уште би задржал маска во затворено. Маската повеќе заради делта-сојот, кој ако влезе кај нас брзо би се проширил, ако воопшто има луѓе што се осетливи на него. Се надеваме дека, за жал, со платена скапа цена кај нас населението е прилично имунизирано по природен пат. Па така, се надеваме дека нема затишје пред бура и дека и за делта-сојот ќе имаме имунитет и дека ќе има некој бран, но нема да биде ни приближно онаков каков минатите. Ќе има инфицирани, како што има во Велика Британија, но бројот на смртни случаи ќе биде неспоредливо помал од оној што беше претходно. Значи, инфекција без големи последици“,

вели Пановски.
Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

СЈО: Истрага “Поштенска банка”, за Љубчо Георгиевски и Никола Груевски делото застарело ,9 -мина ќе се гонат за перење пари

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите…