Д-р Софијанова: Бебето е донесено во многу тешка состојба

Бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба, вели проф. д-р Аспасија Софијанова во Утринска на Телма, одговарајќи на прашањето што се случило со бебето кое почина на Детската клиника од сепса, а беше донесено од прилепската болница пред 1 недела.

Софијанова објаснува дека кога се раѓа бебето, и има жолта боја, докторите секогаш претпоставуваат дека станува збор за бебешка жолтица, но кожата на бебето може да е жолта и од некој друг инфект, кој стои во позадина, затоа треба внимателно да се набљудува.

  • Кога се раѓа бебето, треба внимателно да се набљудува, а оценката или апгар 10, ретко се дава. Првите реални оценки се 8-9, и оценката треба да ја даде неонатологот кој е присутен на пораѓајот, а што правеле колегите во Прилеп и дале оценка 10, не знам, вели д-р Софијанова.

Бебето кое почина може да добило сепса и од вагинална инфекција кај мајката, и поради тоа тој податок треба да се знае, и ако е така бебето се става на антибиотик во првите 48 часа, вели докторката. Додава дека вагинална инфекција е сериозен ризик кој може да доведе до фател исход кај новородените.

telma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Максим Димитриевски: Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна” ќе му го вратам на Каракачанов со протесно писмо

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека ќе му го врати орденот на бугарскиот министер за…