ЕКСКЛУЗИВНИ сателистски слики – Како се распали огнот во делчевско

Сателитска снимка од пожарот во Делчево 03.08
4.08
Состојабата со пожарот вчера

Малку невообичаено но овој текст мораше да почне со фотографии. Тоа се сателиски снимки на кои се гледа како се ширеше пожарот во делчевско.

На првата слика од пред три дена јасно е дека во високите шумски предели се појавуваат пламени кои се можеби незначителни , но поради силен ветер и премногу топол воздух истите брзо ја зафакаат вегетацијата. Овие снимки може да ги добијат и сите надлежни институции кои по дојавата дека има пожар се обидуваат да се активираат, но тоа оди тешко.

На пример на некои места како што е Ранковце, градоначалникот иако предупреден од инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување сеуште официјално ја држи активна забраната за работа во трета смена на професионалните пожарникари за заштеди пари. Затоа во овој дел немало дежурни пожарникари во трета смена и изоставува брза и навремена реакција. Пожарникарите сами се мобилизираат и одат на терен.

Делчевскиот регион е огромно пространство на густа борова шума која во моментов гори.

На втората фотографија 4.08. се гледа дека црвените точки на сателистака снимка се се повеќе. Тоа значи пожарот многу брзо се шири. На овој многу тежок терен за интервенција одат да гасат пожарникари со малку опрема, стари возила и пред се мал број на луѓе професиналци кои ја познаваат оваа проблематика.

Пожарот не чека!

Државата да се организира и констатира дека нема канадери , односно не се сервисирани, има хеликоптери кои може да летаат до 37 степени температура на воздухот, значи во случајов неупотребливи. Државните органи ја активираат и војаската, а за се останато ја чекаат помошта од соседите.

Вчерашната сателиска снимка е слика на состојабата на терен. Горат 44 километри квадратни. Службите едвај се справуваат да ги стават огнените стихии под контрола. Истовремено избувнуваат многу пожари.

Во моментов е локализиран пожарот кај маалото Пасјак во делчевското село Нов Истевник од каде на 2 август започна и серијата пожари кои зафатија повеќе населени места во делчевско и пехчевско. Борбата со стихијата продолжува кај селата Тработовиште и Вирче.

Во однос на пожарите во пехчевско, забележано е повторно проширување на огнената стихија. Ситуацијата како што велат од терен е неповолна, а граѓани се организираат и заминуваат за гаснење на пожарот.

Почнаа да се апсат осомничени, но засега нема информација како ги палат шумите и пред се зошто. Додека граѓаните ги добијат одговорите , ќе гледаат апокалиптични снимки на преморени пожарникари , опустошени шуми, изгорени животни.

К.М.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави