Емоциите за крајот на кариерата за Роџер Федерер големи кај сите, плачеше Федерер, плачеше Надал, се расплака и Ѓоковиќ

Вчерашниот меч во двојки од Лејвер купот кој го играше заедно со Надал, беше последен во кариерата за Роџер Федерер, неговото збогување со тенисот ги трогна сите присутни на теренот кои искажаа големи емоции за легендарниот Швајцарец. 

Федерер и Надал по голема борба го загубија мечот од Сок и Тиафо (6-4, 6-7, 9-11), но тоа беше најалку битно. Синоќа се славеше легендарниот Роџер кој стави крај на тениската кариера.

Емоциите по мечот беа големи кај сите, плачеше Федерер, плачеше Надал, се расплака и Ѓоковиќ, а и дел од останатите тенисери.

„Не сум тажен, уживав. Присуството на другите играчи, на моето семејство и навивачите направи да не чувствувам голем стрес. Ги исполнив сите очекувања за последниот меч. На вакво испраѓање се надевав. Да играш со Рафа во ист тим и да бидеш опкружен со толку добри тенисери и пријатели е прекрасно. Тенисот може да биде спорт на самотија, но јас денеска не чувствував дека сум сам. Ви благодарам на сите“, изјави Ѓоковиќ.

„Кога почнував да играм тенис никогаш не се надевав дека ќе стигнам до тука. Едноставно се радував што играм тенис, но испадна едно неверојатно патешествие кое би го повторил одново. Сопругата можеше да ме запре одамна, но продолжи да ми дава подршка и ми дозволи да играм, затоа ѝ благодарам“.

Total
1
Shares
Поврзани објави