ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и Скопје Север

Од денеска ЕСМ го презема работењето на БЕГ и Топлифкација Скопје Север. Ова се предвидува со кризната состојба на пазарот со топлинска енергија која ја прогласи Владата. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема точна пресметка колку пари ќе чини оваа криза. „Сѐ ќе зависи од тоа како ќе се движат берзанските цени на гасот. Засега предвидени се 6 милиони евра за покривање на трошоците на снабдувачите со топлинска енергија“, изјави министерот Бектеши кој сепак уверува дека доколку се потребни повеќе пари имало доволно средства во буџетот. Според него, нема да има проблеми до крајот на грејната сезона.

Долговите што ги прават БЕГ и АД Скопје Север кон АД ТЕ-ТО и Макпетрол за снабдување со гас во изминатите неколку дена заклучно со 21 јануари ќе треба да ги решат приватните компании со меѓусебни договори за одложено плаќање или на некој друг начин. Денеска најверојатно ќе има нов договор меѓу ЕСМ, БЕГ и Скопје Север. Во врска со одговорноста околу ладните радијатори во Скопје, министерот за економија вели дека веќе има постапки во Обвинителството за издавањето на лиценците за БЕГ во 2012 година, а за обврските што ги има согласно дадената лиценца, РКЕ може да провери дали БЕГ имал резерви мазут за 15-дневна работа како што произлегува од обврската од Законот за енергетика.

Total
2
Shares
Поврзани објави