ЕУ го затвора воздушниот простор за руските авиони, за прв пат во историјата ќе вооружува држава

Европската унија почнува со испорака на  оружје на Украина, што е прв ваков чекор во нејзината историјата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, најави и нови санкции против Русија и Белорусија, вклучително и затворање на воздушнио протстор за сите руски авиокомпании.

Лајен додаде дека ќе следуваат „забрани за медиумската машина на Кремљ во ЕУ“.

– Државните Russia Today и Sputnik и нивните филијали повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на Путин. Развиваме алатки за забрана на нивните токсични и штетни дезинформации во Европа – Изјавила Фон Дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија посочи и на воведување на рестриктивни мерки против најважните руски сектори, намалувајќи го нивниот извоз на производи од минерални горива до тутун, дрво, цемент, железо и челик“.

Total
7
Shares
Поврзани објави