ЕУ постигна договор за ограничување на цената на руските нафтени деривати

Европската унија синоќа постигна договор за ограничување на цените на руските нафтени деривати, соопшти шведското претседателство со ЕУ, два дена пред почетокот на ембаргото на ЕУ за тие производи што се извезуваат по морски пат.

„Амбасадорите на ЕУ ја одобрија горната граница на цената на руските нафтени деривати пред таа конечно да биде усвоена од Европскиот совет“, објавија шведските власти, додавајќи дека тоа е „важен договор што е дел од континуираниот одговор на ЕУ и нејзиниот партнери во руската агресивна војна против Украина“.

Според европските дипломати, договорот вклучува плафон на цена од 100 долари за барел за поскапи производи како што е дизелот, како и 45 евра за барел за помалку рафинирани производи како што е мазутот.

Овој договор е во согласност со предлозите на Европската комисија. Тие цени се однесуваат на руските нафтени деривати што се транспортираат со бродови на ЕУ

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во
одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) –специјализирана рударска компанија со седиште во…