Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Грчкиот авиопревозник Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни со линијата Атина – Скопје – Крф – Скопје – Атина, објави порталот exyuaviation.com.

Летовите требаше да се одржуваат двапати неделно во вторник и сабота, а авиолинијата Скопје – Атина да се реализира во среда и недела наутро.

Според ревидираниот распоред, се чини дека Ејџијан Ерлајс целосно откажува два неделни лета, намалувајќи ја вкупната фреквенција меѓу Скопје и Атина од секојдневни летови на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.

Компанијата не исклучува и дополнителни промени во редот на летање, наведува exyuaviation.com.

Како што објави ТАВ Македонија на 2 април годинава, сезонска авиолинија меѓу Скопје и Крф требаше да почне од 1 јуни. 

Total
0
Shares
Related Posts