Ждрепка за нокаут фазата во второто по квалитет натпреварување на Стариот континент, Лига Европа – ќе има одличен фудбал

Во седиштето на УЕФА Нион денеска се одржа и ждрепка за нокаут фазата во второто по квалитет натпреварување на Стариот континент, Лига Европа. На стартот ќе гледаме големо дерби меѓу неколкукратни екс шампиони. 

На Ноу Камп ранетиот каталонски гигант Барселона во шеснаесетитафиналето на Лига Европа е домаќин на трофејниот англиски великан Манчестер Јунајтед.

Во другите мечеви од плеј оф рундата – 1/16 финале во Лига Европа ќе играат:

Салцбург – Рома

Севиља – ПСВ Ајндховен

Баер Л. – Монако

Ајакс – У. Берлин

Шахтјор – Рен

Спортинг – Мидтјиланд

Јувентус – Нант

Првите мечеви од нокаут фазата на Лига Европа се на програмата на 16 фебруари, а реваншите се седум дена подоцна.

За потсетување, осумте првопласирани екипи од Лига Европа од групната фаза се веќе директно пласирани во осминафиналето и своите противници ќе ги добијат на ждрепката на 24 февруари.

Total
9
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мурињо: Ги лажев сите!

Жозе Мурињо во неделата го имаше својот 1000 јубилеен натпревар во својата професионална тренерска кариера. Рома на Олимпико…