Жртви од масовната гробница во Изјум имале јамки околу вратот и врзани раце

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека голем број Украинци се закопани на различни локации во североисточниот дел на земјата, а меѓу нив имало цели семејства и луѓе кои биле мачени.

Зеленски за Ројтерс изјави дека истрагата е во тек, која се спроведува со меѓународна помош и дека има докази за, како што тврди, руските воени злосторства во овие области.

Тој рече дека досега се пронајдени 450 закопани тела.

На прашањето дали има докази за воени злосторства, Зеленски рече дека украинските обвинители соработуваат со меѓународните за собирање податоци, дека има некои докази и дека се прават проценки.

Украинската полиција соопшти дека повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во североисточниот град Изјум, кој Украина го врати под своја контрола, како и дека некои жртви биле убиени во гранатирање и воздушни напади.

Ројтерс претходно денеска објави дека неколку жртви од масовната гробница во Изјум имале јамки околу вратот и врзани раце.

ФОТО: EPA/OLEG PETRASYUK

Total
1
Shares
Поврзани објави