Заев: Нема потреба цела влада да поднесува оставки, несреќи секаде се случуваат

Трагедии се случуваат насекаде во светот. Го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот и на заменикот министер за здравство, но не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка, одговори премиерот Зоран Заев на своето прво појавување во јавноста пет дена по пожарот во тетовскиот ковид центар каде животот го загубија 14 лица.

„Со огромно сочувство кон семејството ред е да почекаме да се добијат сите одговори за потоа да го кажам своето мислење за оставките. Трагедии се случуваат насекаде во светот го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот, заменикот, директорот и економскиот директор. Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка“, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев рече дека немал никакви информации во врска со надзорот на изградбата на модуларната болница што изгоре во Тетово. Како што рече тој во одговор на новинарско прашање, проектот е предводен од Светската банка и оти сè се реализирало според договорот.

“Институциите ќе обезбедат детални информации. Станува збор за модуларни објекти. Проект на Светска банка спроведен преку Министерството за труд и социјална политика преку кредитната линија за потребите на социјалните предмети во земјата и во одговорноста за здравствениот систем “, рече меѓу другите Заев.

Инаку, во спроведувањето на проектот беше ангажирана фирмата “БРАКО”, компанија во сопственост на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Во трагедијата што се случи ноќта на 8 септември животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.

Total
7
Shares
Поврзани објави