Запленети двата хотели “Мериот” – дел од гаранциите на Мијалков за да излезе од притвор

Двата хотела „Мериот“ на скопскиот плоштад Македонија се привремено запленети од Основниот кривичен суд, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал во рамки на истрагата на предметот „Империја“.

Обвинителката Вилма Русковска за Телма вели дека дел од одземениот имот е под хипотека, а дел е во гаранциите на Мијалков за да излезе од притвор.

Од обвинителството соопштија дека барањата се како резултат на постоење на основано сомневање дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање.

„Дотолку повеќе што од прибраниот доказен материјал произлегува дека предложениот имот е имот што е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик“, велат од обвинителството.

Судијата на претходна постапка ги прифати барањата на обвинителството и определи привремени мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Привремените мерки може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност. Запленувањето не е конечно.

Запленет е хотелот „Мериот“ преку уделот на ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје, уделот на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје и уделот на БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје;

Запленет е деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост Друштво за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра. СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје на плоштад Македонија ги гради хотелот „Кортјард бај Мериот“ и Офицерскиот дом.

Запленети се и станови на БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2, како и 7.213 акции што ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари

Истрагата „Империја“ е за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Првоосомничени се бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески.

Total
7
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Игор Југ: Груевски го сметам за добар премиер ама за негативна нула како претседател на партија затоа што од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп од бегалките на другите партии

Игор Југ, утрово во Кривичниот суд зборува за 27 април и за партијата за која многу помогнал но…