За момчето кое се повреди во Грција потребна е итна помош за негово лекување

Велосипедистот и планинар Јани Иванов (18) од Неготино, кој се здоби со тешки повреди на ‘рбетот за време на еднодневната екскурзија во соседна Грција, ќе добие финансиска помош од 60.000 денари од општинскиот буџет.

Момчето е хоспитализирано на клиника во Солун, каде му биле извршени две комплицирани хируршки интервенции, а следувале уште најмалку две операции за кои се потребни големи суми.

Јани заминал на еднодневно патување во Паралија со другарчиња, а при водени игри се здобил со тешки повреди на ‘рбетот.

Итно бил префрлен во болница, каде му биле извршени две комплицирани хируршки интервенции, а во наредниот период го очекувале најмалку уште две. Појаснува дека неговите родители заминале во Грција и се покрај него, а трошоците за лекувањето, кои според првичните проценки требало да изнесуваат околу 50.000 евра, се испоставило дека ќе бидат многу повисоки.


Затоа во градот Неготино е најавено одржување на повеќе хуманитарни активности, на кои граѓаните ќе можат да донираат средства за помош на семејството Иванови, со цел да се покријат огромните трошоци за лекувањето.

Сите хумани граѓани и општествено одговорни компании кои се можност, можат да донираат средства на 200 0038945580 43, Јани Иванов, Стопанска банка, со назнака донација.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЈО бара притвор за Камчев

СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица…